Tuesday, May 13, 2014

Растително ткиво

Во текот на филогенезата на растенијата, растителните ткива се јавуваат подоцна како ниво на биолошката организација. Всушност, тие се јавуваат во оној дел од еволуцијата кога растенијата преминуваат од живот во водена средина во копнена. Растителните ткива кај скриеносемените растенија се еволутивно најусовршени.
Растителните ткива се класифицирани во две групи: творни (меристемски) и трајни.

Творни ткива

Клетките од творните (меристемски) ткива постојано се делат и ги создаваат трајните ткива. Исто така, творните ткива содржат група од клетки, наречени иницијални, кои ја задржуваат способноста за постојана делба, при тоа одржувајќи го континуитетот на творното ткиво. Има неколку видови на творни ткива:
Табела: Творни ткива - особини
Вид на творно ткиво Потекло, место и функција на творното ткиво
Примарно творно ткиво потекнува од ембрионалното ткиво
а) Врвно-апикално творно ткиво
- врвно стеблест
- врвно коренски
- во вегетативниот врв на стеблото
- растење на врвот на коренот
б) Вметнато (интеркаларно) творно ткиво во нодиумите; растење на растението
в) Странично (латерално) творно ткиво во перициклот во вид на прстен; растење на растението
Секундарно творно ткиво Потекнува од паренхимското ткиво, има способност за делба
а) Камбиум Во вид на прстен во коренот и стеблото; од него се диференцира секундарно дрво и секундарна кора; растење во широчина на растението
б) Фелоген се наоѓа под кората; од него се диференцира трајното ткиво перидерм
в) Калусно ткиво на повредени (ранени) места (затоа уште се нарекува и „трауматично творно ткиво“); заздравување на раните

Трајни (диференцирани) ткива

За разлика од творните, трајните или диференцираните ткива се создаваат од творното. По диференцирањето, клетките од трајните ткива добиваат специфична одредена функција која ќе ја извршуваат во текот на целиот живот на растението. Само одредени трајни ткива (како паренхимот) ја задржуваат способноста за делба, па од нив се создаваат секундарни трајни ткива. Подолу се дадени карактеристиките на разноличните диференцирани ткива.

Паренхим

Паренхимските ткива завземаат најголем дел од растителното тело. Тие ја исполнуваат внатрешноста на секој орган и меѓу нив се сместени другите ткива. Филогенетски гледано, тие се најстарите ткива во растенијата. Диференцирањето (оспособувањето за одредена функција) на паренхимските клетки зависи од улогата што ја имаат во организмот. Според функционалната активност, паренхимските ткива се поделени на:
Табела: Паренхимски трајни ткива - особини
Вид на трајното (диференцирано) ткиво Потекло, место и функција на трајното ткиво
Паренхимско ткиво (паренхим) се состои од живи клетки со малку цитоплазма, многу хлоропласти, тенки клеточни ѕидови, со меѓуклеточни простори
a) основен паренхим изодијаметрични, издолжени клетки; основно градбено ткиво во растението
б) паренхим за складирање видови: шеќерен; маслоносен; протеински; водоносен
в) паренхим за фотосинтеза фотосинтеза; палисадно ткиво - цилиндрични клетки, густо збиени, богати со хлоропласти (хлоренхим), под горниот епидермис на листот
г) асимилационен паренхим транспирација во мезофилот; сунѓересто ткиво - клетките се овално-округли со големи интерцелуларни простори низ кои циркулираат гасови и водена пареа
д) спроводен паренхим издолжени клетки, меѓусебно поврзани; спроведува хранливи материи на кратко растојание
ѓ) апсорпционен паренхим издолжени клетки со продолжетоци и тенки клеточни ѕидови; апсорпција на вода и минерални соли
е) воздухоносен паренхим (аеренхим) богато ткиво со меѓуклеточни простори за транспорт и складирање на воздух

Покривни ткива

Покривните трајни ткива се еден вид кожа на растенијата, што ги заштитува внатрешните ткива од механички повреди, прекумерно греење и испарување, навлегување на микроорганизми и слично. Според потеклото и местоположбата во растителното тело, разликуваме три вида на покривни ткива:
Табела: Покривни трајни ткива - особини
Вид на трајното (диференцирано) ткиво Потекло, место и функција на трајното ткиво
Епидермис (примарно покривно ткиво) - клетките се густо збиени со израстоци во вид на запци кои навлегуваат едни во други
- еднослоен, со кутикула и/или трихоми
заштитна функција
а) стомин апарат - две високодиференцирани клетки со хлоропласти ја градат стомата
транспирација и размена на гасови
Перидермис (секундарно покривно ткиво) - настанува од фелогенот
- густо збиени издолжени клетки во неколку реда, кои секундарно се задебелуваат
заштита на стеблата и корењата
a) лентицели (леќички) - постојано отворени отвори на стеблото
- изградени од растресит паренхим
- размена на гасови и транспирација
Мртва кора (терциерен епидермис или терциерно покривно ткиво) - изумрени површински клетки (мртва кора кај дрвенести многугодишни растенија)
- повеќе пати се создава од фелогенот
заштита од сушење и механичка заштита (од животни)

Механички ткива

Механичките ткива на растенијата им даваат цврстина и еластичност, бидејќи во растителното тело образуваат еден вид на скелет кој овозможува растенијата да се спротивстават на механичките дејства на факторите во животната средина. Функцијата на механичките ткива произлегува од градбата и распоредот на механичките елементи. Има два вида механички ткива:
Табела: Механички трајни ткива - особини
Вид на трајното (диференцирано) ткиво Потекло, место и функција на трајното ткиво
Механичко ткиво - густо збиени клетки една до друга, без меѓуклеточни простори со задебелени клеточни ѕидови
- формираат скелет на растението
а) коленхим - многуаголни издолжени живи клетки со нерамномерно задебелени ѕидови
- имаат хлоропласти
- дваат цврстина и еластичност
б) склеренхим изградено од различни типови на клетки
склеренхимски влакна - мртви клетки со рамномерно задебелени клеточни ѕидови
- издолжени со заострени краеви
- даваат цврстина и отпорност, растегнување и свиткување
склеренхимски клетки - мртви многуаголни клетки, силно задебелени

Ткива за лачење

Ткивата за лачење кај растенијата (секреторно-екскреторни ткива) излачуваат или екскретираат најразлични секрети (хормони, ензими и слично) или екскрети (непотребни материи).

Спроводни ткива

Спроводните ткива, како што кажува и нивното име, служат за транспорт на органски и неоргански материи низ растителното тело. Има два типа на спроводни елементи: ксилем, кој ги транспортира водата и неорганските материи до листот и другите делови, и флоем, кој врши транспорт на асимилатите од фотосинтезата од листот до целото растение.

Царства на живите организми

 Живите организми се делат на повеќе групи, а тоа се:
Монери
Протисти
Габи
Растенија
Животни

Монери се бактерии. Тие се микроскопски. Предизвикуваат разни болести, но некои од нив се корисни.


Протисти се алгите и праживотните. Алгите вршат фотосинтеза и живеат во водни 
 површини. Праживотни парамециум, еуглена и др.


 Габи се делат на печурки, мувли и квасец.
Растенијата на семени и бесемени. А семените на монокотиледони и дикотиледони.
Животните се делат на рбетни и безрбетни.

Биологија како наука

Биологијата доаѓа од грчките зборови bios = живот и logos = наука e наука за живите суштества и животот воопшто. Во потесна смисла, таа ги изучува карактеристиките и поведението на организмите, нивното потекло и меѓусебни односи, како и односи со животната средина (биотопот), нивната морфолошко-анатомска организација како и нивниот биохемиско-физиолошки строеж.
 Сознанијата за живата природа постепено се стекнувале уште многу порано пред настанокот на биологијата како посебна научна област. Во далечното минато, уште првобитните луѓе при собирањето на сопствената храна (разни растителни плодови и животни) почнале да распознаваат разни живи суштества. Подоцна, користејќи ги своите пообемни познавања за живиот свет во природата, човекот почнува да култивира некои растенија и да припитомува животни. Во врска со тоа, познавањето на човекот за живите суштества се проширува, а се стекнуваат сознанија и за условите во кои живеат живите суштества. Пред се, било потребно не само тие корисни растенија и животни да се распознаваат, туку и да се знае начинот на нивното размножување, како и поволните услови во кои тие најбрзо се размножуваат, растат и воопшто живеат. Сето ова укажува на фактот дека биологијата е многу стара наука. Меѓутоа, за воведување на терминот биологија, кое се случило на почетокот од XIX век од францускиот природонаучник Ламарк и германскиот научник Тревиранус, како и до развитокот на една единствена биолошка наука, можело да се дојде откако се дознало дека сите живи суштества претставуваат единствена појава и поседуваат низа заеднички белези со што суштински се разликуваат од неживата природа. Денес биологијата е толку многу развиена, што претставува комплекс од субнаучни дисциплини. Биологијата е природна наука која ги изучува живите организми - растенијата, животните, човекот и микроорганизмите. Во состав на биологијата се развиле посебни дел

Поделба на биологијата

Биологијата се дел според неколку основни начела:
  • според предметот на проучување и нивото на биолошка организација на организмиите
  • според различните животни појави и проблеми што ги проучува кај растенијата и животните
Предмет на биолошките истражувања се растенијата и животните. И покрај општите белези на сите живи суштества, во најголем број случаи растенијата и животните значително се разликуваат меѓусебно. Поради тоа, според предметот на проучувањето биологијата е поделена на микробиологија, ботаника и зоологија, односно микробиологијата ги проучува најмалите организми - микроорганизмите, ботаниката ги проучува растенијата, додека зоологијата - животните. Но, овие субдисциплини на биологијата можат и понатаму да се делат, конкретизирајќи го предметот на проучување. Така, во ботаниката има:
А во зоологијата се среќаваат:
Според многубројните животни појави и проблеми, пак, биологијата е поделена на:
  • Морфологија, ја проучува формата и градбата на организмите
  • Цитологија, наука за клетката
  • Хистологија, наука за ткивата
  • Анатомија, внатрешната градба на организмите и нивните органи
  • Ембриологија, онтогенезата на организмите
  • Физиологија, ги проучува животните процеси во организмите
  • Систематика, ги опишува живите суштества врз база на сличностите и разликите, а со тоа ги класифицира во природен систем
  • Екологија, ги проучува заемните односи меѓу организмите и надворешната средина
  • Биохемија, интердисциплинарна наука меѓу биологијата и хемијата, ги проучува биохемиските реакции
  • Биофизика, ги изучува физичките манифестации кај организмите, мост меѓу биологијата и физиката
  • Биогеографија, ги изучува законите и условите за распространување на живите суштества и биотопите на Земјата
  • Генетика, ги проучува општите закономерности во наследувањето и менливоста кај организмите
  • Етологија, го проучува групното однесување на организмите итн.

Биолошки методи на проучување

Најважни методи во биолошките научно-истражувачки работи се:
  • Набљудување, општ метод за сите природни науки, кое се врши со голо око или со микроскоп
  • Мерење е метод со кој се одредуваат квантитативните белези што се испитуваат
  • Експериментирањето е осмислена постапка што овозможува да се проучуваат појави под контролирани услови преку обработени техники
  • Документацијата е претставена од скици, фотографии, графикони и други материјали што се добиваат преку претходните три методи.